Маж неколку пати се обидел да предизвика сообраќајка во Скопје, пријавен во полиција

К.Б.(37) од Скопје вчера пријавила дека во 16.35 часот низ централно градско подрачје додека се возела со своето патничко моторно возило, од страна на засега непознато машко лице кое управувало патничко моторно возило марка “Шкода Суперб“ со непознати регистарски ознаки во повеќе наврати се обидувало да предизвика сообраќајна незгода, информираат денес од полицијата.

Жената се обидела да побегне по што најблизу била до полициската станица Карпош каде е пријавен настанот и истата посочила можен сторител.

-По утврдување на идентитетот на возачот на возилото марка “Шкода“ ќе бидат преземени мерки согласно законите на РМ. Од страна на полициски службеник од Полициска станица Карпош, сочинет записник за пријава, запознат е сменоводител од Полициска станица Центар и инспектор од Единица за насилен криминал, информираат од МВР.