Маж нападнат во кафеана, го удриле со чаша по главата

Шеесет и двегодишен маж од селото Брњарци-скопско, пријавил дека во угостителски објект на улицата „Маџари“ бил физички нападнат од страна на четири непознати лица.

„Додека седел во угостителскиот објект, влегле лицата и едно од нив со чаша го удрило во пределот на главата“, соопшти во билтеното Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.