Маврово: Пеколно темпо за репрезентативците (ФОТО)

Машката ракометна репрезентација на Македонија напорно се подготвува за претстојното Светско првенство во Франција, на почетокот на јануари следната година.

Селекторот Лино Червар наметна пеколен ритам за нашите ракометари во Маврово, кои вечерва ги посети и првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

Репрезентацијата, која се очекува во вторник да биде комплетна со приклучувањето на Филип Миркуловски и Дејан Манасков, до 30 декември останува во Маврово.

Фото: Македонски спорт