„Матка 2“ ја пресуши Треска и езерото Матка - наскоро рибите на суво

Хидроцентралата Матка 2 создава еколошки масакр врз езерото Матка, со сушење на реката Треска што го полни езерото со вода, и со тоа го загрозува екосистемот во време кога се размножува пастрмката, единствената риба во езерото, обвинува порталот „Дервени инфо“.

Нивните фотографии го прикажуваат сувиот проток на реката Треска, каде ниското ниво на водата е видливо.

Со браната Матка 2 управува државната компанија ЕЛЕМ, која како државна компанија е должна да ги почитува позитивните норми за заштита на животната средина и екосистемот на езерото Матка.