Mathame во Епицентар

Аудио проектот на Amedeo and Matteo Giovanelli започнува во 2013 година кога живеат на падините на најактивниот вулкан во Европа, Етна каде работaт на развивање на својот уникатно замислен звук. Иако се браќа, нивните разлики се очигледни на нивните настапи.

Amadeo [21] има силнa поврзаност и чуство за што луѓето сакаат на подиумот и е најмладиот артист кој некогаш настапувал во Watergate [Berlin], додека пак Matteo [32] го носи емотивниот и old-school звукот во овој проект, истовремено вршејќи функција како професор за media aesthetic на миланскиот Универзитет (AMFAV - Rome, NABA - Milan). 

Долго очекуваната трака на Mathame - „Nothing Around Us” објавена за „Afterlife Recordings“ како дел од нивното прво EP беше пуштана во скоро сите сетови на Tale Of Us. Одличната продукција и оригиналниот звук продолжува со нивната „22“ и завршува со уште еден одличен индикатор за нивната способност за вокална обработка кај „Fade Into You“.

Тие оваа сабота настапуваат во Епицентар.

Почеток:23:59 часот

Влез:300 МКД