Масовна акција за расчистување на шут и отпад во Општина Кисела Вода

Од утринава, во Општина Кисела Вода се одвива масовна акција за расчистување на шут и отпад во координација на Секторот за месни заедници при Општината, потпомогнат од ЈП Комунална хигиена.

Се чисти на потегот од семафорите на бул. Борис Трајковски кај МЗ Пинтија, долж патот покрај пругите за фабриката Охис, па се до Хемтекс.

Во акцијата се вклучени 30 сезонски работници ангажирни од локалната самоуправа, опремени се со соодветен алат и камион, додека ЈП Комунална хигиена учествува со 10 опремени работници, два камиона и скип за собирање на шут и отпад.

Акцијата ќе трае денес, но по потреба и подолго, односно се до комплетно расчистување на оваа локација.