Маслото од канабис од понеделник во продажба, ова е неговата цена

Во аптеките од понеделник во продажба, ќе се најде и медицинското маслото од канабис во концентрации со тераписко дејство. Станува збор за препаратот „каноил канц“, маслени екстракти, кои во својот состав содржат строго контролирана концентрација на активните компоненти ТХЦ (тетрахидроканабинол) и ЦБД (канабидиол ) и се наменети за пациенти со малигни заболувања.

Едниот препарат содржи 300 милиграми ТХЦ+ 300 мг ЦБД во пакување од 120 милилитри, додека другиот има 600 мг ТХЦ+ 600 мг ЦБД во пакување од 240 милилитри.

Двата препарати се производство на фармацевтската куќа „Реплек фарм“, прва фирма која на македонскиот пазар го донесе ова лековито масло.

Лековите ќе можат да се набават во аптека исклучиво на рецепт од лекар специјалист.

Препаратите ќе се продаваат по цена од 5.544 денари за „каноил канц 300“ и 9.240 денари за „каноил канц 600“.