Масимо Савиќ со два ексклузивни концерти во Скопје

„Авалон продукција“ со огромно задоволство Ви го најавува својот прв проект кој ќе се одржи во 2017 година.

Имено, сигурно најквалитетниот машки вокал на просторот на цела поранешна Југославија, Масимо Савиќ, по пауза од неколку години ќе одржи два суперексклузивни концерта на 17 и 18 февруари 2017 година, во Македонската опера и балет.

Масимо доаѓа повторно во Скопје, на концерти на кои ќе бидат претставени песните од неговиот последен албум, неговите најголеми хитови, како и дел од сега веќе антологистките албуми „Вјештина“ 1 и 2. Бидејќи трет концерт со сигурност нема да има, влезниците за двата концерта одеднаш се пуштени во продажба по цена од 990 денари.

Бидејќи се работи за навистина мал капацитет на сега веќе ексклузивниот простор на МОБ, побрзајте со набавување на вашите влезници, порачуваат од „Авалон“.