Машки труп изваден од водите на Вардар

Труп на непознато машко лице на возраст од околу 70-80 години вчера околу 13:45 бил извлечен од реката Вардар.

Случајот бил пријавен од граѓанин, по што полициски екипи излегле на терен, а полициски службеник од водите на Вардар го извадил телото.

Смртта е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.