Масакар на дрвјата во кругот на АСУЦ

Во раните утрински часови денеска биле исечени повеќе десетици дрвја во кругот на средното училиште „Боро Петрушевски“ во Скопје објави Газета.мк.

Овој грд и екстремно штетен чин за градот Скопје до ГАЗЕТА.МК го пратија многу граѓани кои биле во тој дел од градот кој не е повеќе од 1,5 километар од центарот на Скопје. Очекуваме надлежните од Град Скопје да излезат со образложение зошто се сечат овие дрвја стари повеќе од 50 години, пишува порталот.