Мартин Гарикс e спремен за своите фанови- вечерва се очекува одлична забава

Се е спремно за денешниот спектакл на најжешката глобална ѕвезда во моментов - Мартин Гарикс кој ќе биде задолжен за затворање на фестивалот "Скопје колинг 2017" кој во средата го отворија фантастичните "Тивери корпорејшн".

Иако има само 20 години, Гарикс со години е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella, Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде што настапува единствено како хедлајнер. Светската слава ја стекнува на 17-годишна возраст, со мегаплатинестиот хит "Animals", а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love" со Бебе Реџа и „Scared to be lonely"  во соработка со популарната Дуа Липа, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ-листи.

Пред сетот на Мартин Гарикс ќе настапат и хитмејкерите Џекс Џонс и Алекс Адеир - еден од нашите најталентирани диџеи и продуценти, како и младите и перспективни момци Дуоз.