Манипулација на луѓето: Луѓето кои одбиваат да бидат манипулирани секогаш ќе бидат „црни овци” во општеството

Голем дел од луѓето никогаш нема да прифатат дека се манипулирани, а тие всушност се најголемите жртви на манипулацијата. Тоа постои во сите земји.

Најпрвин, морате да наметнете правила за тоа што се смета за исправно, а што е погрешно. Што е возможно, а што е невозможно, што е здраво, а што е болно и што е добро, а што лошо.

Најголем дел од луѓето ќе ги почитуваат таквите правила поради ме-ее-ее менталитетот кој постои во колективниот човечки ум.

Ќе направите да им е непријатно на оние кои не ги почитуваат таквите правила. Ќе им го загорчите животот на оние кои се разликуваат. Нема потреба да постојат луѓе кои ќе имаат различни мислења. Тие се црните овци во стадото.

Штом еднаш ги поставите правила, нема потреба од нивно менување.

Веќе усогласените правила веќе се стандарди. Тие се реалност. На црната овца и се создава притисок да се покори, а тоа е и предупредување за сите останати кои сакаат да бидат различни.

Луѓето постојано велат : Само го правам тоа што е најдобро за моето семејство. Не, туку си програмиран да веруваш дека тоа е најдобро за нив. Уверен си дека не можеш подобро од тоа, дека тоа е најдоброто што можеш да им го дадеш.

Така се контролираат владини службеници, административци, новинари. Така се контролира секоја индивидуа. Оние кои не сакаат да дозволат да бидат контролирани се “црните овци”.

Дејвид Ике, Ефект на стадото

 

Jordan Extra Fly