Манијак сее страв меѓу жителите на стар Аеродром

Манијак сее страв меѓу жителите на стар Аеродром. Изминатиот викенд маж со качулка нападнал две различни девојчиња пред влез од зграда.

Како што напишал на Фејсбук еден револтиран родител, чие дете било нападнато, околу 18:00 часот во саботата непознат маж пред влезот на зградата ја нападнал девојката.

Само половина час подоцна, истото лице нападнало и друго девојче од соседната зграда.

Револтиран од немилиот настан, родителот испрати апел преку социјалните мрежи.