Манифестацијата “Скопје чита” ќе се одржи на Скопско кале

Второто издание на манифестацијата „Скопје чита“ денеска ќе се одржи во паркот спроти Скопското кале. 

Прво ќе читаат група студенти, а потоа и реномирани поети и писатели од рзалични генерации. 

„Скопје чита“ го организираат Културно-информативниот центар-Скопје,  писателката Линдита Ахмети и Арлинда Бафтиу.

Целта, според организаторите, е да се привлече вниманието на граѓаните кои ќе можат да слушаат стихови посветени на љубовта и човечките судбини.