Мандарини во чоколадна глазура - предлог за поинакви овошни залчиња кои ќе ги обожавате!

Состојки:

5 мандарини

200g црно чоколадо

Путер

Кокосово брашно

Подготовка:

На една тава наместете хартија за печење. Излупете ги мандарини на парчиња и добро исчистете ги.

На пареа растопете го чоколадото. Додадете 1 лажичка путер за подобар вкус и полесно размачкување.

Секое парче мандарина до пола брцнете го во чоколадото и ставете го во тавата со мрсна хартија.

Проросете кокосово брашно и ставете во фрижидер 10 минути, додека чоколадото не се стврдне.