Манастирскиот комплекс Калишта- чудесна моќ и благослов за идните мајки

Калишкиот манастирски комплекс го сочинуваат четири светилишта, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики и уште две цркви едната посветена на мајката Божја другата на светите апостоли Петар и Павле.

За чудата на манастирот се слуша надалеку. Овде е една од највредните икони во земјава, единствена на Балканот Чудотворната икона – Богородица во црно, пронајдена во малата пештерска црква. Се верува дека мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца

Луѓе односно жени кои што немале дечиња молејќи се на пресвета Богородица стануваат мајки, а и многу од мајките доаѓајќи со своите веќе поголеми деца доаѓаат и потврдуваат дека да не беше Пресвета Богородица можеби ќе го немав ова детенце што оди сега.

Во манастирскиот двор се наоѓа Чинарот од времето на Цар Самоил, стар 700 години. Духовноста на светилиштето , верувањето во исцелителноста и благословот на Мајката Божја е вистинска магија и причина за многуте венчавки и крштевки во манастирот.