Спо­ред со­чу­ва­ни­те из­вор­ни по­да­то­ци, се доз­на­ва де­ка ма­на­сти­рот за вре­ме на 15 и на 16 век прет­ста­ву­вал си­лен и акти­вен кул­ту­рен цен­тар во око­ли­на­та на Скоп­је.

Све­ти Ни­ко­ла Чу­до­тво­рец е за­штит­ник на по­мор­ци­те и на си­ро­маш­ни­те, еден од нај­са­ка­ни­те хри­сти­јан­ски свет­ци и нај­го­лем дел од Ма­ке­дон­ци­те има­ат сла­ва ток­му на 19 де­кем­ври, Св. Ни­ко­ла. Ме­ѓу мож­ни­те при­чи­ни за го­ле­ма­та по­пу­лар­ност на Све­ти Ни­ко­ла кај Ма­ке­дон­ци­те е и тоа што огро­мен број цр­кви го но­сат не­го­во­то име и ја од­бе­ле­жу­ва­ат сла­ва­та. Ед­на од нив е и ма­на­стир­ска­та цр­ква „Св. Ни­ко­ла“ во се­ло­то Ши­ше­во во Ма­тка.

Сред­но­ве­ков­на­та ма­на­стир­ска цр­ква „Св. Ни­ко­ла“ се на­о­ѓа нас­про­ти цр­ква­та „Св.Ан­дре­ја“, од дру­га­та стра­на на езе­ро­то Ма­тка. Те­ре­нот е те­шко до­ста­пен. Та­му мо­же да се стиг­не са­мо пеш, ни­ту со мо­тор­но во­зи­ло, ни­ту со ве­ло­си­пед. Цр­ква­та се на­о­ѓа ви­со­ко на стрм­ни­те па­ди­ни на ка­њо­нот Ма­тка, од неј­зи­на­та дес­на стра­на.

Де­нес, ма­на­сти­рот „Св.Ни­ко­ла Ши­шев­ски“ прет­ста­ву­ва ед­но од нај­у­ба­ви­те ме­ста на Ма­тка. Има мал­ку пи­шу­ва­ни­те из­во­ри за овој ма­на­стир, но, се­пак, во еден пре­пис на ма­на­стир­ски по­ме­ник се спо­ме­ну­ва де­ка во по­ди­га­ње­то и во жи­во­пи­су­ва­ње­то на по­ста­ра­та цр­ква по­ма­гал кра­лот Мар­ко, та­ка што мо­же да му се при­пи­ше кти­торс­тво. Не се знае точ­но кој бил кти­то­рот и на но­ва­та цр­ква, а се прет­по­ста­ву­ва де­ка лич­но се за­ло­жил скоп­ски­от ми­тро­по­лит Си­ме­он.

Ма­на­стир­ска­та цр­ква се со­стои од две град­би. По­ста­ра­та пр­во­бит­на град­ба прет­ста­ву­ва ед­но­ко­раб­на цр­ква. За­пад­ни­от дел е зби­ен, гра­ден од ка­мен и од ту­ла и не­го­ви­те фа­са­ди се расч­ле­не­ти со ар­ка­ди. Во цр­ква­та „Св. Ни­ко­ла“ има два сло­ја жи­во­пис. Ста­ри­те фре­ски по­тек­ну­ва­ат од 14 век и се де­лум­но откри­е­ни под жи­во­пи­сот од 17 век. Од ста­ри­те фре­ски вид­ли­ви се ли­ко­ви­те на че­тво­ри­ца све­ти оци на се­вер­ни­от и на јуж­ни­от ѕид на ол­та­рот и двај­ца све­ти во­и­ни во на­о­сот. Тоа се све­ти­те во­и­ни Ѓе­ор­ги и Ди­ми­три­ја об­ле­че­ни во со­вре­ме­ни вла­де­тел­ски одеж­ди, со ви­со­ки ка­пи. Спо­ред до­се­га поз­на­ти­те фре­ски од пр­ви­от слој жи­во­пис, се чи­ни де­ка го изра­бо­ти­ле двај­ца сли­ка­ри што при­па­ѓа­ат на пле­мен­ско-мо­на­шка­та гру­па сли­ка­ри од вто­ра­та по­ло­ви­на на 14 век.
Жи­во­пи­сот од 1630 го­ди­на кој се на­о­ѓа во вто­ра­та цр­ква, од­нос­но во при­пра­та­та, е мош­не до­бро за­чу­ван. Во дол­на­та зо­на се сли­ка­ни од­дел­ни све­ти­те­ли, над нив сце­ни од жи­во­тот на св. Ни­ко­ла, а во гор­ни­те зо­ни се сце­ни­те од чу­да­та и ма­ки­те на Исус Хри­стос.

Све­ти Ни­ко­ла е ед­на од нај­по­пу­лар­ни­те и нај­прос­ла­ву­ва­ни сла­ви во Ма­ке­до­ни­ја. Мно­гу се­мејс­тва ја праз­ну­ва­ат оваа пос­на сла­ва во чест на све­те­цот Ни­ко­ла, за­штит­ни­кот од не­сре­ќи, па­тро­нот на го­лем број ку­ќи во зем­ја­ва. Сла­ва­та поч­ну­ва да се праз­ну­ва со ве­че­ра на 18 де­кем­ври за најб­ли­ски­те од се­мејс­тво­то. Пред да стиг­нат го­сти­те до­а­ѓа поп, кој ги бла­гос­ло­ву­ва сла­ва­та и се­мејс­тво­то. Кај мно­гу се­мејс­тва праз­ну­ва­ње­то на сла­ва­та се пре­не­су­ва од ко­ле­но на ко­ле­но.