Ако можев, јас наместо тебе би се борела со твојата депресија. Би ја носела целата тежина која ја носиш со себе и би ја ставила на моите рамена, само за да не мора да се чувствуваш заробена од темнината.

Би го земала секој твој лош ден и би ги заменила со моите најдобри денови. Би дала буквално се за да можам да те сакам толку силно што ќе можам да ја избришам твојата болка. Тогаш можеби би можеле да се вратиме во времето кога твојата насмевка беше искрена, а твоите солзи беа резервирани само за тажни филмови.

Ми недостасуваат тие денови, мамо.

Ми недостасуваат деновите кога немавме ниту една грижа на светот и животот беше толку едноставен. Деновите кои ги поминавме во смеа, а сонцето светеше толку силно.

Кога бев дете не можев да дочекам да се вратам од училиште само за да седиме заедно. Обожавам да зборувам со тебе и да слушам како ти поминал денот и да ги слушам твоите приказни. Секогаш.

Сега се е некако тешко и имам чувство дека животот ни ја украде надежта. Знам дека депресијата го бои светот во илјада нијанси на сиво.

Тоа не е твоја вина, затоа те молам не се обвинувај себеси. Оваа ужасна болест го краде твојот сјај, но во моите очи ти секогаш ќе сјаеш најсилно.

Не се откажувам од тебе, мамо. Секогаш ќе бидам покрај тебе и заедно ќе се бориме против оваа депресија. Дури и ако тоа значи дека ќе седиме дома и ќе гледаме серии. Јас ќе бидам на каучот до тебе.

Не сакам да се чувствуваш сама во оваа борба, затоа што ти секогаш беше мојата најголема поддршка во текот на овие години, а сега е време јас да бидам твоја поддршка.

Срцето ми се крши кога не сум до тебе и мислам на твојата борба и колку лошо се чувствуваш.

Знам дека понекогаш се давиш во својата депресија и мислиш дека не можеш да избегаш, но запомни дека има многу луѓе кои те сакаат со се што имаат.

Ти си најпрекрасната жена која постои и имаш допрено толку многу животи без воопшто да бидеш свесна за тоа. И ти толку ме научи за животот и љубовта и искрено не знам каде би била кога без тебе.

Мамо, депресивна или не, ти си целиот мој свет и ништо нема да го промени тоа. И запомни, заедно сме во ова.