Малолетниот „Медо“ главен во „Јавна соба“ и размената на слики на малолетнички

Полицијата влезе во трагата на администраторот на групата Јавна соба но ги обезбедила и телефонските броеви на над седум илјади членови, објави Телма повикувајќи се на извори во МВР. Во групата формирана на социјалната мрежа Телеграф беа разменувани фотографии на малолетнички со речиси порнографска содржина.

Средношколци, но и возрасни споделуваа и коментираа интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава. Групата со над 7000 членови од синоќа е преименувана од Јавна соба во Група само за возрасни, пишува Телма.

„Медо“ е кодното име на администраторот на групата на телекомуникациската апликација „Телеграм“ која викендов ја крена на нозе македонската јавност, откако беше обелоденето дека таму се споделуваат порнографски видеа и фотографии од девојки. Тој за македонски медиуми тврди дека целта не била порнографија, но работата излегла од контрола.