Малолетник ограбен во Градски парк

Две непознати лица заканувајќи се со нож извршиле разбојништво над 15 годишен малолетник од Скопје.

Разбојништвото, како што информираат од полицијата, се случила вчера околу 18 часот кај фонтаната во Градски парк.

На малолетникот разбојниците му ја одзеле јакната и 200 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.