Малолетник од Скопје нападнат со шипка

12 годишен малолетник вчера бил нападнат со шипка додека се движел со своите другари. Нападот се случи во скопската населба Бутел.

Малолетникот бил физички нападнат од страна на неколку малолетници при што едно од нив со метална шипка го удрило во пределот на главата. Нападот се случил по претходна расправија.

Истиот бил пренесен во УЦ-Скопје каде му биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.