Малолетник ги прскал со земја војниците кои помагаат во поплавените подрачја

Околу 17 часот и 20 минути во Единицата за информации и команда било пријавено дека на улицата Антон Попов, каде што професионалените војници работеле на улицата за расчистување наноси од временската непогода, непознато машко малолетно лице со возило Мерцедес ги вознемирувал, односно го стартувал постојано возилото додека работеле и ги испрскал со земја, иако претходно бил предупреден за неговото однесување.

Исто така, на подрачјето на СВР Скопје евидентирани се 21 пријавa од граѓани кои пријавиле поплавени домови, возила, ниви и друг имот, како и штети предизвикани од невремето.