Малолетник доживеал хорор

Вчера околу 22,00 часот во ПС Аеродром Д.С. (22) пријавил дека околу 19,25 часот на ул.„Атанас Митрев“, во близина на Транспортниот центар неговиот 16 годишен брат бил пресретнат од страна на три непознати малолетни лица кои физички го нападнале, информираат денес Министерството за внатрешни работи.

Напаѓачите удирајќи го во пределот на главата и со закана со нож извршиле разбојништво, одземајќи му сребрено синџирче и избегале, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 12 000 денари.

Министерството за внатрешни работи презема мерки за целосно расчисување на настанот.