Малолетници нападнати кај Железничка

Малолетни лица на возраст од 15 и 16 години биле нападнати вчера на автобуска постројка под Железничка Станица-Скопје.

Случајот во полиција го пријавил З.Ф. (51) кој истакнал дека кон неговиот син и двајцата другари, додека чекале автобус, се доближила поголема група од непознати лица на возраст од околу 15 до 17 години и едно од лицата почнало да го удира едниот малолетник во пределот на главата.

Потоа бил нападнат и синот на пријавителот, по што напаѓачите  избегале во непознат правец.