Вчера околу 15,00 часот  во Скопје, на крстосницата на улица "Московска" со улица "Женевска" такси-возило “Фиат Линеа“ со скопски регистраски ознаки управувано од В.Б.(57) од Скопје, удрило во 15 годишно лице од Скопје, информираат од МВР.

Од незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена  во Градска општа болница “8-ми Септември“, каде по укажаната лекарска помош, е задржана на понатамошно лекување.