Малолетничка по 10-ти пат е пријавена за исчезната: Македонската полиција ја бара

Во Полициската станица Карпош вработена во Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“, пријавила дека во 15:30 часот од установата самоволно се оддалечила штитеничката на домот 15-годишната М.С. од Скопје.

Таа повеќе од 10 пати досега ја напуштала установата и била враќана од полицијата.

Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.