Малолетни девојчиња со провокативни слики на социјалните мрежи

Социјалните мрежи се достапни дури и за малолетници.

Фејсбук и Инстаграм се најмногу користени. Истите содржат фотографии од приватни профили на малолетни девојчиња.

Состојбата е алармантна, предупредуваат надлежните лица.

На поголемиот број од фотографиите се оставаат и лични податоци, со што дополнително се зголемува можноста за малтретирање и злоупотреба на девојчињата.

Ваквата појава наиде на осуда. Меѓутоа треба да се постави прашањето колку е во ред навиката на малолетните девојчиња да објавуваат премногу провокативни и разголени фотографии на социјалните мрежи.

Се апелира и до родителите да бидат внимателни и да ги предупредуваат своите деца за ризиците.