Малолетна порнографија се шири меѓу средношколците во Скопје - има ли некој да контролира?

Малолетна порнографија се шири меѓу средношколците во Скопје. Имено, на социјалната мрежа „Телеграм“ во затворена група на корисници со назив „Јавна соба”, малолетници објавуваат, споделуваат и коментираат интимни фотографии и видеа со порнографска содржина од малолетни девојчиња од Македонија.

Има ли некој да контролира? Знаат ли родителите што прават нивните малолетни деца користејќи социјални мрежи? Надлежните, можат ли да премолчат на ова? 

Откако јавноста беше разбранувана од скандалозната група „Јавна соба“ на мобилната апликација „Телеграм“, каде што се споделуваат порнографски фотографии на малолетнички од Македонија, полицијата побара од руската фирма групата да биде избришана. 

Во групата „Јавна соба“ имало 7.400 корисници, поточно воајери од Македонија, меѓу кои имало бизнисмени, поранешни политичари, менаџери на кафулиња… кои сакале да гледаат разголени малолетнички, чии фотографии биле добиени преку приватни пораки или „здиплени“ од Инстаграм.

Брзото темпо на живеење и развојот на модерната технологија со која рапидно се искористуваат социјалните мрежи,  обезбедува полесна коминикација но и опасност дека некој  демне и малолетници.

Со оглед што станува збор на малолетни лица и млада популација, сведоци сме дека има пониска возрасна граница за  користење на интернет, повеќе желба   да се постираат слики, да се играат игри или да се допишуваат. И  тоа  е во ред додека не се помине границата. А, која е границата? Тоа е поставување информации кои ќе се објават јавно, а останати лични или семејни фотографии, информации или објави кои ќе бидат за одредена група на луѓе кои самиот корисник ќе ги избере.

Малолетни лица можат  лесно  да станат жртва на интернет мобинг или малтретирање поради својата невиност и наивност и желба да бидат во чекор со своите врсници.

Родителите се најповикани  да ги заштитат своите деца, да ги следат содржините на пораките, комуникацијата со кого нивните деца се допишуваат, понекогаш и да ги погледнат  сликите и пораките. Тие се првата алка на комуникацијата со децата.

Со желба да привлечат внимание, да бидат забележани, подготвени се да изнесуваат податоци, вистина за себе, често се достапни за луѓето кои имаат патологија во своето поведение или станува збор за патолошка личност која тие информации може да ги развие за свои лични цели и интереси, педофилија и сл, а детето да не биде свесно за тоа. Младите луѓе неможат однапред да ги предвидат последиците, но самата забележаност, возбуда дека некој за нив покажува интерес им е интересна и  несвесно може лесно да влезат во некоја асоцијална мрежа на луѓе кои имаат перверзни намери или ги користат за лични или политички цели. Последиците може да бидат многу  тешки  по однос на младата личност, во смисла трауматични чувства и доживувања што може директно да влијаат  на сликата која младата личност ја гради за себе.