Малку ни треба за среќа

За вистинско уживање не ни е потребно многу – доволно е само да одлучиме и да се препуштиме. Додека чекаме  да бидеме подготвени, да се сложат сите коцкички за да бидеме опуштени и среќни, всушност губиме време. Тоа нема да се случи. Постојат препреки за убав ден, недела и месец – но сите тие се во нашата глава. Ние сме тие кои донесуваме одлуки, кои ја креираме сопствената реалност.

Ова се 3 совети како да ги избегнете нервозите, а да си дадете себеси повеќе можност за среќа и уживање.

Наспијте се

Одете порано на спиење. Заборавете на телефонот и лаптопот, вашите проблеми, проблемите на вашите пријатели. Станете без алармот и испијте кафе во пижами. Мотивирајте се со нешто што ви одговара – убава мисла, песна или видео. Дајте си убав почеток на денот. За момент, заборавете на времето и сите обврски кои морате да ги завршите.

Излезете во природа

Задолжително излезете во текот на денот барем 15-30 минути на воздух. Не ја избегнувајте паузата. Гледајте околу себе и дишете убаво. Ќе откриете многу нови нешта околу вас, но и ќе го одморите мозокот во денот кој сигурно ви е исполнет со многу обврски. Голем дел од луѓето кои имаат многу работа во текот на денот го избегнуваат ова мислејќи дека немаат време за таков „луксуз“, но тоа е огромна грешка.

Поминете време со луѓето кои ги сакате

Разговарајте, јадете со нив, испијте кафе на мира. Едноставно, уживајте во времето поминато со луѓето кои ги сакате. Уживајте во секој миг со нив и ценете го пријателството со нив. Среќата е во миговите поминати со нив. Не барајте повеќе.