Малку инспирација за поубав ден...

„Можете да победите 1000 луѓе во 1000 битки, но најголемата победа е да се победите себеси.“ – Буда

Да го негуваме својот дух, да ги развиваме доблестите, да се потрудиме да го дадеме она најдоброто од себе!

Да се послужиме со мудростите на еден будистички учител и да научиме кои се најубавите доблести на човекот.

Најголемиот успех е несебичноста.

Најголемата вредност е самоконтролата.

Најголемиот квалитет е да знаеме како да им служиме на другите.

Најдобро е да знаеме како да не дозволиме светот да управува со нашето битие.

Највеликодушно е да не се врзуваме. 

Најголемото добро е мирниот ум.

Најголемото трпение е скромноста.

Најголемиот напор не се занимава со резултатите.

Најголемата мудрост е да се гледа подалеку и подлабоко од она што очите гледаат.