Експертите за секс тврдат дека мастурбирањето е добро за нашиот оргазам и дека на тој начин се запознаваме со нашето тело. Мастурбацијата повеќе не е, или барем не би требало да биде, табу тема.

Во продолжение ви откриваме едноставни совети како да ги искористите нејзините предности и да доживеете врвен оргазам.

Прво и основно

За секс е потребно да бидете расположени за секс. Ароматични свеќи, читање еротки романи или гледање еротски филмови може да предизвикаат најразлични фантазии. А кога тие ќе се појават, не останува ништо друго освен да ги спроведете на дело.

Второ - одберете вистински начин на стимулација

Мал број жени може да доживеат вагинален оргазам, мнозинството од нив врвот до достигнуваат со стимулација на клиторисот. Овој дел од нашето тело е најсигурен пат до сексуално задоволство. На тој начин жените може да откријат што и колку ги возбудува и своите искуства подоцна да ги поделат со партнерот.

Трето – користете вибратор

Вибраторот може да послужи за стимулација на Г точката, како и за достигнување на вагинален или анален оргазам. На пазарот постојат најразлични модели на вибратори, а жените одамна се охрабрија да експериментираат со сексуалните играчки.

Четврто – не заборавајте на градите

Градите како ерогена зона не смеат да биде заборавени за време на мастурбацијата. Добро е познато дека голем број жени оргазмот може да го искусат со допир на брадавиците или допирање на целата регија на градите. Ова чувствително место на женското тело игра важна улога во сексуалното задоволство, на вас е да одберете дали тоа ќе бидат нежни или груби допири.

И не заборавајте, мастурбирањето одамна ја изгуби репутацијата на забранет или срамен чин.