Мали, но со голем дух - шармот на гратчињата во Македонија

Македонија е богата со природна убавина. Преубави планини, езера, природни и вештачки. Места кои секогаш ни крадат дел од здивот штом ги посетиме или погледнеме.

И не е се во Скопје. Иако Скопје е метрополата, малите гратчиња во Македонија имаат свој дух. Мали, но сепак големи. 

Таму не е како во Скопје. Во малите градови се знае, секој со секого. Се е поевтино. Кафето во некој локал, е три пати поевтино од поголемите градови. Иако имаат еден до два локала, сепак сите важни настани се случуваат таму. Ако излезеш да се прошеташ уста ќе се здоболат поздравувајќи се со сите, бидејќи сите ги знаеш на улица. 

Во зима, најголем проблем на големите градови им е воздухот, додека пак малите го имаат тоа во изобилство. 

Такси услугите далеку поевтини. Имаш луѓе каде и да одиш, и не само ти, туку сите жители на градот. Те знаат и во болница, и во суд и во општина. Твојата учителка, денеска можеби е и учителка на твоето дете. Се вртата истите професори, се додека да заминат во пензија. Секогаш твоето дете го споредуваат со тебе. Ама така е, те знаат и тебе и него. 

Кога ќе се работи нешто по дома, без разлика дали зимница, дали градежни активности, дали пак спремање за слава, свадба, роденден, соседите се секогаш први за помош. Соседите од зградата ги гледаш како семејство. 

Секој град си има свој дијалект, свои навики.

Животот во малите градови во Македонија е бавен и мирен. Иако таму има многу работи кои треба да се подобрат, за подобар живот на жителите, сепак истите не ја губат вербата, имаат насмевка на лицето и позитивна мисла.