Мали, но реални вистини за животот кои една девојка ги напиша пред нејзината смрт

Веднаш по своето матурирање во 1996, девојката со име Селин родена во Америка напишала прекрасна мала книга која ја споделила со своите пријатели за големите вистини на животот. Еден од нејзините пријатели ги прочитал овие нејзини вистини на нејзиниот погреб.

Тајната на секоја личноста се крие во нејзиното знаење што да покаже од другите, а што да скрие од нив.

Не им поставувајте прашања на луѓето на кои не сакате да го чуете одговорот.

Барајте повеќе значење, а помалку вистина.

Да, поголем дел од времето лошите луѓе ги добиваат добрите паркинг места. Не го трошете своето време нервирајќи се премногу за тоа.

Вистината меѓу будалата и кретенот е во тоа што будалата прави глупави нешта кои го повредуваат само нему, додека пак кретенот постојано прави глупави нешта кои ги повредуваат другите.

Спокојот доаѓа од фактот што се познавате себеси подобро од тоа што ве познаваат другите луѓе.

Повеќето вистини се очигледни, но и едноставни.

Тој што не знае и не знае дека не знае е будала, научете го. Тој што не знае и знае дека не знае е дете, научете го и него. Тој што знае и не знае дека знае е заспан, разбудете го. Тој што знае и знае дека знае е мудрец, следете го.

Луѓето ретко се менуваат. Не очекувајте го тоа од нив.

Стојте настрана од луѓето кои постојано им потенцираат на другите колку вредат.

Разберете ја разликата меѓу неправењето ништо и земањето пауза за одмор.

Единствената причина за да верувате во нешто е поради тоа што е вистина, но не поради тоа што ви одговара така.

Нашите вредности се дефинирани од нештата на кои трошиме време и пари.