Денес, живееме во време на социјални мрежи каде ни се сервирани информации за луксузни патувања, скапи облеки и живот исполнет со материјални нешта. Иако материјалните нешта и парите се голем дел од равенката за среќа, сепак постојат и многу мали и едноставни нешта кои имаат моќ да ни донесат среќа во нашето секојдневно живеење.

Ставете цвеќе во вазна во вашиот дом

Одете на прошетка во природа

Играјте си со своите деца или миленичиња

Отидете на ново место во вашиот град кое не сте го посетиле

Гледајте го зајдисонцето

Направете пикник за вашите пријатели

Обидете се да стекнете нови пријатели

Изгледајте го повторно вашиот омилен филм

Купете си сладолед

Направете си купка со морска сол

Прочитајте инспиративна книга

Запишете ги вашите мисли на хартија

Одете да танцувате

Направете мала пауза од технологијата (барем еден ден)

Гледајте ги вашите стари фотографии

Ослободете се од старите нешта кои ги поседувате

Одете на спиење порано од вообичаено

Бојте во боенка

Ставете маска на лицето

Пробајте нов рецепт

Јавете се некому  кому не сте се јавиле подолго време

Волонтирајте