Настани под отворено небо во Скопје, Мала Италија патува во вторник, 20.06.2017, во 20.00 часот на плоштад Мајка Тереза.

Мала Италија патува е настан роден од желбата и љубовта на Павле Камилоски кон музиката и пеењето. Атмосферата ќе ја исполнат прекрасните гласови и способности на Павле Камилоски како баритон, Христо Арсовски како драмски тенор, Горан Начевски како баритон, заедно со Бисера Чадловска како диригент и камерен оркестар.

За разлика од претходните години на овогодинешната Мала Италија патува ќе се претстават шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни. Се очекува никој да не остане рамнодушен на едночасовниот концерт кој ќе ги поттикне емоциите на сите присутни.