Макета: Погледнете како ќе изгледаат шеесеткатниците на паркингот кај „Холидеј Ин“

Aрхитекти, урбанисти, планери кажаа во какво Скопје сакаат да живеат, потенцирајќи дека овој град има шанса да се спаси само со заедничко и правилно дејствување.

Дебата „Шанса за Скопје. Во каков град сакаме да живееме“, организирана од граѓанската иницијатива „Здравје пред профитот“ и Институтот за комуникациски студии, на едно место ја собра фелата за да разменат искуства, но и да ги слушнат примерите од некои градови во соседните држави.

Воедно граѓанската платформа ја изложи макетата за која вели дека ги претставува шеесеткатниците што треба да бидат изградени на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“.

Од организацијата посочуваат дека макетата покажува како висококатниците би изгледале во однос на опкружувањето.