Македонските жени сериозно да ја сфатат обврската за одење на гинеколог

Ра­кот на гр­ло­то на ма­тка­та во Ма­ке­до­ни­ја е вто­ро ма­лиг­но за­бо­лу­ва­ње и вто­ра при­чи­на за смрт од рак кај же­ни­те, по ра­кот на дој­ка­та.

Кај нас, се­ко­ја го­ди­на од рак на гр­ло­то на ма­тка­та за­бо­лу­ва­ат по око­лу 300 же­ни, а приб­лиж­но ед­на по­ло­ви­на од нив уми­ра­ат ка­ко пос­ле­ди­ца на оваа бо­лест.

По­че­то­кот на оваа бо­лест е без симп­то­ми и се на­ре­ку­ва пре­дра­ко­ва со­стој­ба. По­ја­ва­та на пр­ви­те симп­то­ми се ве­ќе знак за по­мал­ку или по­ве­ќе на­пред­нат про­цес, а тоа се не­чист, жол­те­ни­кав ва­ги­на­лен ис­це­док, по­вре­ме­но со при­ме­си на крв ка­ко и ма­ли кр­ва­ве­ња пос­ле се­ксу­а­лен од­нос.

Ре­чи­си се­кој слу­чај на рак на гр­ло­то на ма­тка­та мо­же да се спре­чи со ре­дов­ни ги­не­ко­ло­шки прег­ле­ди (ПАП-тест или ХПВ тест), ка­ко и при­мар­но со вак­ци­на­та про­тив ХПВ.

ПАП-те­стот мо­же да открие да­ли по­сто­јат кле­точ­ни про­ме­ни пре­диз­ви­ка­ни од ХПВ-ви­ру­сот и пред­ма­лиг­ни со­стој­би. По­сто­јат по­ве­ќе ти­по­ви на ХПВ и од тие ти­по­ви­те 16 и 18 за­ед­но пре­диз­ви­ку­ва­ат око­лу 70 от­сто од си­те цер­ви­кал­ни кар­ци­но­ми.