Македонските ракометари денеска заминуваат за Франција

Македонската ракометна репрезетнација вечерва со автобус од Скопје до Софија ќе ја започне својата Мундијалска авантура.

Како што е познато, крајната наша дестинација е Мец, каде што се очекува да пристигнеме утре околу пладне.Во вечерните часови ќе го одработиме првиот тренинг и ќе можеме да се запознаеме со салата.

Селекторот на ракометарите Лино Червар, заедно со Кире Лазаров, Филип Миркуловски како и директорот на репрезентацијата Чакаревски пред поаѓањето на Мундијалот се обратија пред јавноста.

„Подолго време се подтотвувавме за овој настан. Одработивме квалитетни подготовки во Маврово и Скопје. Иако не бевме комплетни во Маврово, бидејќи имавме играчи кои што оправдано доцнеа. Најважно од се е што физички, психолошки и тактички добро се подготвивме, а тоа на самите средби ќе се покаже дали е доволно. Заминуваме во една мирна атмосфера и ќе се надигруваме со противниците.Најважно од се е како играчи да му веруваме на селекторот. Мојата амбивија е поголема и потсвесно се надевам дека можеме да се надигруваме со големите репрезентации.Најважно е што ние сме спреми како никогаш до сега. Нема да се предадеме против ниту еден противник и потсвесно треба да размислуваме за победа” изјави капитенот Кире Лазаров.

„Драго ми е што има толку новинари. Беа тоа тешки подготовки, како што знаете. Многу работевме во Маврово и во Скопје со голем ентузијазам и волја. Желбата да дадат многу за својата репрезентација е голема. Секој играч даде максимум на подготовките и стварно немам замерки.Ова е нов пат, нов олимписки циклус и полека создаваме нова репрезентација која сонува да настапи на Олимписките игри. Тоа не е можно преку ноќ. Можеби до некаде е добро што не сметаат за аутсајдери во Франција, но, ние нема да излеземе со бело знаме и да се предадеме на теренот.Ќе се бориме до последен момент, тоа е само по себе победа. Доколку оствариме добар резултат тоа ќе биде дополнително добро. Треба да го оставиме срцето на теренот, а ракометарите да прикажат максимална борба” изјави селекторот Лино Червар.