Во борба за подобра финансиска ситуација, македонските мажи се повеќе се одлучуваат да заминат во странство, оставајќи го тука семејството.

И во минатото било така, но денеска животот е многу поразличен. Ако во минатото мажот бил во странство, тоа значело дека неговата жена ќе седи дома и ќе се грижи за домот и децата, но денеска тоа правило се повеќе не важи.

Денешните жени ( со исклучок) живеат некој посебен “модерен” живот.

Мажите црнчат од утро до мрак, а жената е таа која живее тука како кралица. По цел ден е на кафиња и дружење со другарките. За децата обично не се задолжени тие. Нив обично ги чуваат бабите и дедовците, во градина се или имаат дома жена која што е задолжена за нив.

Козметичките салони се полни од жени. Се средуваат почнувајќи од глава па до петици.

Обично одат сами на одмор. Секој викедн се зафатени со излегувања до доцни вечерни часови.

Поради дел од овие причини се случуваат многу расправии, но многу често доаѓа и до пропаѓање на браковите.

Статистиката покажува дека дури 50 отсто од мажите кои беа на печалба во Авганистан се разведени.