Македонските кошаркари ќе играат претквалификации со Словачка и Швајцарија и за ЕП 2021

По катастрофалниот квалификациски циклус за пласман на СП во 2019 година, "црвено - жолтите" повторно ќе немаат директен пристап за главната квалификациска рунда ниту за Евробаскет 2021 година.

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби протиивниците во претквалификациите за пламан на Европското првенство во 2021 година, откако ждрепката во Минхен (Германија) посака нашата селекција да ги одмери силите со Словачка и Швајцарија. "Црвено -жолтите" беа сместени во првиот шешир заедно со Ерменија и Португалија.

По катастрофалниот квалификациски циклус за пласман на СП во 2019 година, избраниците на селекторот Јорданчо Давитков, повторно ќе немаат директен пристап за главната квалификациска рунда ниту за Евробаскет 2021 година.

Во втората група Албанија ќе ги одмери силите со Ерменија и со Данска, додека во групата Ц ќе се натпреваруваат Кипар, Португалија и Луксембург.

Победниците на овие три групи ќе се најдат во главните квалификации за европското првенство, додека оние поразените ќе се преселат меѓу селекциите со најнизок ранкинг во Европа.

Со Словачка летово одигравме две средби во Братислава, од кои на првата претрпевме пораз, а втората беше прекината од страна на судиите поради наводен притисок од нашите кошаркари, при водство на Македонија. Барем на хартија Македонија би требало да биде фаворит во групата, чии натпревари стартуваат во ноември, но исто така ја имавме фаворитската улога и во дуелите против Естонија и Косово, во кои тотално потфрливме.

Воедно, беа комплетирани и групите за квалификациите за СП 2019, дополнети со селекциите кои ги минаа претквалификациите. Косово ќе биде дел од групата Ц заедно со Литванија, Полска и Унгарија, додека Естонија се најде во групата Х заедно со Грција, Израел и Велика Британија.