Македонските граѓани нудат Супер Куп сместување за 0 денари

Неодамнешниот огромен пораст на цените за сместување во хотелите во Македонија, поради Супер Купот 2017 инспирираше неколку млади луѓе да почнат акција за обелување на образот на Скопје.

Во нивниот најнов проект SkopjeSuperCup, членовите на WeTalkIT заедницата, ги поврзуваат фудбалските фанови на кои им треба сместување, со луѓе од Македонија кои имаат желба да им понудат бесплатен престој.

Целта на овој проект е да се соберат што повеќе граѓани кои ќе примат по еден или двајца гости во својот дом, со цел да им овозможат место за преспивање на фановите кои ќе дојдат да го следат натпреварот од Супер Купот 2017. За да му овозможите сместување/кревет на некој од фановите, се што треба да направите е да се логирате на http://supercupskopje.com и да наведете каков тип на сместување може да понудите.