Македонските фудбалери се подготвуваат за Летонија

Македонската фудбалска репрезентација ги одработува мини подготовките за стартот квалификациите за ЕП 2020 година и дуелите со Летонија и Словенија. 

Нашите фудбалери имаат само два дена подготовки за првиот меч во евро-квалификациите против Летонија кој ќе се игра на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје 

Ќе се оди чекор по чекор, најави селекторот Ангеловски,  односно фокусот ќе биде најнапред на Летонија, а потоа на Словенија. Согласен е и младиот член на германскиот Келн, Дарко Чурлинов кој очекува победа против Летонците. 

Инаку на мечот против Летонија, најдобриот македонски фудбалери и капитен на репрезентацијата Горан Пандев ќе го одигра јубилејниот 100-ти натпревар во црвено-жолтиот дрес, а неговиот соиграч од средината на теренот Хасани очекува дека останатите токму со победа ќе му овозможат на Пандев да го прослави овој јубилеј.

Дуелот меѓу Македонија и Летонија ќе се игра во четврток со почеток од 20 часот и 45 минути, а  три дена подоцна, нашите најдобри фудбалери ќе гостуваат во Словенија.