Трговците увезуваат производи со сомнителен квалитет и предизвикуваат нелојална конкуренција со домашните производители. Граѓаните, поради малата куповна моќ, обично го одбираат најевтиниот производ.

Во услови на глобализација и трговска размена на светско ниво домашниот пазар е преплавен од евтини неквалитетни производи. Тоа најмногу ги погаѓа домашните фирми, кои поради малите цени на ваквите увозни производи неможат да го наметнат на пазарот својот.

Повеќето од земјите во светот наоѓаат начин, како да го заштитат домашното производство со тоа што не го стопираат увозот на овие производи, но воведуваат мерки со кои го намалуваат.

Проблем е нискиот стандард во земјава, поради кој луѓето гледаат да потрошат помалку пари. Затоа трговците увезуваат понеквалитетни, евтини производи.

Стопанската комора на Македонија реагирала до надлежните органи да ја зголемат контролата на ваквите производи. Тие им штетат на фирмите кои работат според светските стандарди.

Поради светската економска криза некои земји решија уште повеќе да се свртат спрема домашното производство се со цел да ги ублажат последиците и да им помогнат на фирмите полесно да ја пребродат кризата.