Вали е Американец, кој веќе 3 години живее во Македонија. Тој е сега македонски зет и има една ќеркичка. Планира понатамошниот живот да го помине тука.

“За прв пат во Македонија дојдов во 2010 година. Без изненаден колко е убава, а претходно не слушав баш добри работи за неа. Дојдов тука на покана од мојата девојка Маја, која ја запознав во Америка, која работеше 3 месеци, во еден ресторан каде и јас што работев. Маја тогаш беше студент, и во текот на летото работеше во Америка. Уште првиот ден кога ја видов, нејзината насмевка ме маѓепса. Знаев дека не е од Америка, уште пред да и се доближам. Американките не се толку убави и немаат таква насмевка. Се запознавме, се дружевме првин како другари , а потоа влеговме и во врска.  И еве денеска сме заедно, како маж и жена и веќе имаме една ќерка, а на пат уште една. Маја не беше воопшто задоволна од Македонија и од животот тука. Ми кажуваше само црни работи. Јас Македонија ја замислував како хорор, се до моментот кога дојдов тука. Кога ја видов разликата. Како живеат луѓето тука, а како ние. Како луѓето тука се полни со љубов и топлина. Како знаат од мало нешто да прават големо. Како знаат на се да се радуваат. Како можат да направат да имаат време за се. Како има прекрасна недопрена природа. Како се е природно, а не вештачко. Како гледаат добро на странците, а ние, ние се плашиме кога некој ќе дојде од страна за да не, ни земе нешто.

После години молење, бидејќи мојата сопруга Маја не сакаше да живее тука, сепак одлучивме животот да го продолжиме во Македонија. Ја убедував дека тука е сепак поубаво и покрај тоа што Македонците земаат многу мала плата, но кога ќе споредиш со нас, ништо не се врти околу парите. Сега сме тука. Јас се чувствувам многу убаво. Имам много пријатели кои добро ме прифатија. Се уште се ми е ново. Се уште се навикнувам на вашата култура и традиција. Секој ден одам во кафеана со пријателите се забавувам. Имам време за се што ќе посакам, а плус и работам од дома, преку интернет.

Сега за сега сакам да останам тука, го сакам овој живот, ја сакам Македонија, ги сакам Македонците. ”