Дури и ако имате пари, размислете има ли смисла на своите деца да купувате брендирана облека. Притоа, училиштата се повеќе личат на модни писти отколку на образовни институции. Кој е за тоа виновен?
Со години многу експерти јавно коментираат дека денешната младина има пореметен систем на вредности. Работите ги материјализираат, а во прилог на тоа е и фактот дека денес децата на училиште се натпреваруваат во тоа кој има подобар телефон и поскапи патики. Некои училишта дури повеќе личат на модни писти, отколку на образовни институции благодарение на родителите кои на своите деца уште од мали нозе им купуваат брендирана облека, која децата едвај чекаат да ја покажат на своите другари. Еве што велат психолозите за оваа тема:
ПОЗНАТИ СВЕТСКИ КРЕАТОРИ ИМААТ ИДЕНТИЧНИ МОДЕЛИ НА МАЈКА И ЌЕРКА. А СЕ ЗАПОЧНАЛО ВО 1967 ГОДИНИ КОГА СЛАВНАТА ЕЛИЗАБЕТ ТЕЈЛОР ПОСАКАЛА ЗАЕДНО СО НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА ДА ИМААТ ИСТИ ФУСТАНИ. „DIOR“ И ЈА ИСПОЛНИЛ ЖЕЛБАТА
Доколку родителот не инсистира на бренд туку акцент става на квалитетот, односно ако се купува само неоходна облека или обувки, тогаш и децата ќе бидат малку позрели при купување, пред се ќе ја гледаат корисноста на производот. Меѓутоа пак ако нешто се купува само поради познат бренд, тогаш тоа е потреба и желба на родителите да се покажат пред семејството и пријателите .
Децата учете ги да обрнат внимание на самоспонтаност во комуникацијата кога се во друштво и да имаат тенденција да бидат фер кон другите. Тоа се универзални вредности кои со текот на времето, како децата ќе стануваат позрели, ќе бидат повеќе ценети отколку брендот што го носат на себе.
А дали на Вас додека купувате облека за децата ви е поважен квалитетот или име на брендот.