Македонски газда: Едвај ќе те пушти на одмор 10 дена, нема пари за плата, а секој викенд оди во Грција

Бев на интервју во една скопска фирма, беше исцрпно, напорно...За една недела добив повратен одговор дека сум примен, бев пресреќен. Така си почнав со работа во правната служба. Газдараицата постојано ми беше над глава, секој момент го користеше за да се наврати во минатото обајснувајќи ми како било нејзиното прво искуство на работа, очигледно трпела многу фрустрации па реши да ги истури на мене.

-Слушни јас кога работев во една фирма прва задача беше да одам и за цела фрима да купам доручек еве сега тебе те праќам значи ќе ми земеш кифла попечена пази да не е многу загорена едно јогуртче внимавај да е со мала масленост...потоа ќе отидеш до маркет вечер ќе имам гости еве ти го списокот.

Го земав ливчето, си реков немој бурно да реагираш ова е прва работна недела. Купив се што побара, кога се вратив ме тапна по рамото кажувајќи ми браво вредно момче си.

Наердниот ден повторно ново барање: Ќерка ми во 12 часот да ја земеш од градинка, да одиш да и купиш сладолед од слаткара, прошетајте се купи некоја играчка  и попладне однеси ја на Поточиња. И реков,  видете моето работно време е до 4 часот, навистина епа денеска ќе ти биде до 20 часот.

Се обидов да се смира да не брзам со реакциите па и ова е едно искуство си велам самиот на себе. И така бев бебиситер цело попладне. Се вратив капнат со мисла што во суштина работам јас сум правник или шофер, набавувач...Така зашеметен од обврски помина месец стигна и првата плата епа еве си ја залужи ми рече газдарицата 200 евра, па ние се договривме за 300, ако ова е почеток Валдимирче одличен си сега за сега нека биде на рака па ќе видме некако да те пријавиме...

Е, да ова е типичен пример на македонски газда кој едвај ќе те пушти на одмор 10 дена, кој ти ги рачуна и саботите и неделите тој е тој газда кој наместо на 15-ти ти ја дава платата на 25-ти ти кажува дека овој месец толку си заслужил следниот треба да се потрудиш. Ова е газдата кој ти вика дека нема дволно пари за плати и штеди на персонал, а секој втор месец менува коли, секој викенд е на палаж... До кога ќе бидете немилосрдни. Како ќе ви биде ако некој вака се одесува со вашие деца?