Македонски државјанин загина во иста сообраќајка како онаа во која настрада Тоше

Во несреќата што се случи вчера загина 40 годишен Македонски државјанин , кој било совозач , а неговиот 64 годишен татко е пренесен во болница во Славонски брод .

Сообраќајката се случила во 4.10 часот на автопатот А3 на 163- тиот километар кај Нова Градишка .

Автомобилот Мерцедес со швајцарски регистарски таблички се движел во правец кон Загреб , кога престигнал  камион со српски таблички и се забил во него . Се претпоставува дека автомобилот се движел со брзина од 160 километри на час , а најверојатно возачот заспал .

Хрватските медиуми ја пренесуваат изјавата на обвинителот Фрањо Копуниќ дека станува збор за речиси иста сообраќајна несреќа во која загина Тоше Проески во 2007 – мата . Сообраќајката не само што се случила на истото место и под исти околности , туку и камионот бил идентичен со оној во кој се заби Туарегот на Тоше.