„Македонски Блесок 12“: Погледнете ја акцијата на македонските војници (ГАЛЕРИЈА)

Припадниците на декларираната  ренџерска чета од Полкот за Специјални Операции на Армискиот полигон „Криволак“ се подготвуваат за НАТО оценувањето Ниво -1 , кое ќе се изврши во текот на оваа недела во рамки на вежбата „Македонски Блесок 12“ . 

Оценувањето ќе се врши од страна на овластени НАТО оценувачи според НАТО стандардите на оценување на борбената способност “CREVAL” . За таа цел припадниците на АРМ во последните подготовки пред оценувањето ги покажуваат сите свои стекнати вештини и способности.