Македонски автобус се преврте во Србија, 12 лица се повредени

Македонски автобус околу 10 часот изутринава се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце. Крајната дестинација на патниците билa Копаоник.

Според првичните информации едно лице е потешко повредено и веќе е пренесено во болницата во Прокупље, a 11 мина поминале со полесни повреди и се хоспитализирани во здравниот дом во Блаце.

Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќат. Причините за превртувањето на автобусот не се познати. Тамошните медиуми известуваат дека патот на кој автобусот излетал веќе еден месец се реконструира.