Од храна и облека, па сè до интересни верувања и обичаи, македонската народна традиција знае да ве насмее, а често и да ве наврати на историјата.

Кога се правело свадба, таа траела три дена, со игри и веселби во целото село. После 100-ци години за среќа сме го зачувале обичајот да се прави свадба, која денес трае само неколку часа.

Ви спомнале ли вашите баби и дедовци за некои стари свадбарски обичаи? Ако не сте слушнале време е да дознаете за само пет од нив кои добро ќе ве изнасмеат.

-Зетот кога влегува во куќата на невестата се поткачува на триножно столче.

-За невестата да не бара посебно јадење, кога ќе влезела во куќата на свекрва ѝ, свекрвата ѝ дава да јаде од помијата (храната за фрлање).

-Свекрвата и снаата си врзуваат скутник (се запашуваат), која побрзо ќе биде запашана таа ќе биде нагазена во куќата.

-Кога невестата ќе се внесе дома свекрвата ѝ ја удира главата од ќумкот, за да седи дома.

-Ако невестата не е невина, ја седнувале обратно на магаре и ја враќале кај нејзините.

Дел од овие обичаи и денес се применуваат во делови од Македонија. Но, добро е да се потсетиме на времето кое сведочи за македонскиот народ и нивната традиција